Skip to main content

Обновливи енергии

До поволна енергетска ефиканост со Clear X

Се подготвува кампања , а потрошувачите ќе добиваат насоки како да инвестираат во обновливи и поефтини извори на енергија и технологии.
Маријана Лончар Велкова

Организацијата на потрошувачи на Македонија е дел од Европскиот проект за поволна енрегетска ефикасност. Проектот Clear X има за цел транзиција на зелената енергија.

Претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ), Марија Лончар-Велкова смета дека целта е да се подобри енергетската ефикасност по прифатливи цени и да се намалат трошоците за енергија на помал рок и дека овој проект развива методологии за потребите на потрошувачите.

Дава насоки како да се инвестира во обновливи и одржливи извори на енергија и технологија. За таа цел се подготвува кампања за колективно купување. Едукацијата за колективно купување ќе им овозможи на потрошувачите пристап до лабораториски тестирани производи и совети, додава таа.

„Ќе придонесеме заедно со градоначалниците и советите да се имплементира оваа програма. Многу е важна , ги воведува потрошувачите како значаен дел од општествениот систем. Ние сме тие кои со наши средства придонесуваме за многу работи да функционираат во енергетската ефикасност и одржливост“, напоменува Лончар Велкова.

Активностите за колективно купување ќе поттикнат производство на дополнителна обновлива енергија , а во текот на проектот и заштеда од примарната енергија. Потрошувачите од целните земји ќе се информираат за придобивките од обновливите извори на енергија.

„Ние се одлучивме за колективно купување на инвертер клими.Тие се енергетски ефикасни. Но, во  моментот кога ќе настане таа кмапња ќе треба тестирање на уреди кои се најефикасни во Европската унија, т.е во лабортаориите. Други организации се одлучија за топлински пумпи,други за соларни фотоволатаичн системи. Кај нас не е довршена регулативата за соларните фотоволтаици , чекаме да се среди правната регулатива“, кажува Лончар Велкова.

Кон проектот ќе се приклучат 38.000 потршувачи од шест Европски земји. Избрани се организациите на потрошувачи од Македонија, Бугарија, Кипар, Литванија, Словачка и Словенија.Организациите на потрошувачи ќе доставуваат веродостојни информации до потрошувачите ккао да се води енергетскат трназиција за обновливи извори, одржлива енергија и енергетски ефикасни технологии.