Skip to main content

Ухмр

До среда нестабилно време со дожд

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град.
 |  инфодеск  | 
Охридска чаршија врнежи од дожд

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи до среда, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, соопшти УХМР.

Денеска попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе се движи од 26 до 34 степени. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и во скопската котлина, а во некои делови ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на невреме.