Skip to main content

Временска прогноза

Доаѓа студен бран и врнежи од снег

Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет.
 |  инфодеск  | 
Зима снег

Попладнево најпрвин во западните, а во текот на ноќва и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (локално над 20 л/м2). Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет.

Утре и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени слаби локални врнежи претежно од снег.