Договорот за медиумите голема „сопка“
Претставниците на четирите политички партии, потписници на договорот од Пржино и вчера не успеаја да ги усогласат предлозите за реформите во медиумите.
Претставниците на четирите политички партии, потписници на договорот од Пржино и вчера не успеаја да ги усогласат предлозите за реформите во медиумите.
На вчерашната средба во Клубот на пратениците во Скопје присуствуваа и амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав. Рокот за договор за медиумите одамна е пробиен.
Ванхауте вчера пред почетокот на средбата изјави дека не е голем оптимист, но дека се надева на напредок.
По завршувањето на преговорите после полноќ Ванхауте на Твитер во саркастичен стил напиша : „Ситуацијата е безнадежна. Но не е сериозна“, по шти следуваше уште еден твит: „После долги преговори, време е за креативни нешта: спиење. Преговорите продолжуваат утре“.
СДСМ е за предлогот на експертот Ванхауте, а ВМРО-ДПМНЕ вели дека треба да се прифатат законските одредби за медиумите на која било земја-членка на ЕУ.
Од Македонската медиумска асоцијација (ММА – ТВ Сител, Телма, Канал 5, Алсат и Алфа) изјавија дека по средбата со Ванхауте нивните предлози за измени во законот биле прифатливи, освен за начинот на измор на членовите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги.