Skip to main content

Анонимен телефонски повик

Дојава за бомба на Железничката станица во Скопје

„Ало, добар ден. Поставена е бомба на Железничка станица во Скопје“. Ваква била пораката која веднаш била пријавена во полиција.
 |  инфодеск  | 
Железничка станица Скопје

Анонимен телефонски повик со дојава за бомба добиле вработени во железничката станица во Скопје, објави порталот „Плусинфо“.

Ало, добар ден. Поставена е бомба на Железничка станица во Скопје“. Ваква била пораката која веднаш била пријавена во полиција.

Како што пишува порталот, во околината има огромно присуство на полициски службеници, во железничката станица, автобуската станица, како и во казината и дуќаните.