Полицијата е на терен
Дојава за бомба во УЈП и Народна банка
Вработените од повеќе финансиски институции сместени во овој објект во Скопје, по дојавата за бомба веднаш се евакуирани.
| инфодеск | Македонија
Закана за поставена бомба пристигнала на мејлот во генералната дирекција на Народна банка на Македонија (НБРМ). Вработените од повеќе финансиски институции сместени во овој објект во Скопје веднаш се евакуирани.
Вработените од УЈП, Централен депозитар, Централниот регистар за хартии од вредност, КИБС, КАСИС, масовно го напуштиле објектот.
Полицијата е на терен и ги утврдува деталите за заканата.
Ова е прва закана со бомби во јавни институции по неколку неделните закани со бомби во училиштата.