Skip to main content

Дојави за бомби во повеќе училишта низ Македонија

Утрово десетина основни училишта низ Македонија се евакуирани поради дојава за бомби.
 |  инфодеск  | 

Утрово десетина основни училишта низ Македонија се евакуирани поради дојава за бомби. Во моментов тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат проверки во училиштата.

Изминатите денови голем број училишта во повеќе хрватски градови добија дојави за закани со бомби. Медиумите неофицијално јавија дека заканите биле испратени од истиот сервер кој наводно се наоѓа во Африка.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.