Skip to main content

Екипи на мвр се веќе на терен

Дојави за бомби во 15 училишта во Скопје

Учениците и персоналот на училиштата во Скопје се евакуирани од објектите и во тек се проверки на просториите.
 |  инфодеск  | 
Дојава за бомба

Дојава за поставени експлозивни направи утрово има до 15 училишта. Учениците и персоналот на училиштата се евакуирани од објектите и во тек се проверки на просториите.

Денеска околу 08:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – соопштија од МВР.

Дојава за поставена експлозивна направа добиле средните училишта, Марија Кири, Раде Јовчевски Корчагин, Јосип Броз Тито, Цветан Димов, Михајло Пупин, Панче Караѓозов, Владо Тасевски, Орце Николов, Кочо Рацин,Георги Димитров, Васил Антевски Дрен…

Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.