Д-р Никола Бакрачески дел од тимот на болницата „Плодност“ од Битола
Доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески, еден од најреномираните и најискусни кардиолози во регионот започнува со работа во Болница Плодност.
-Како пионер и визионер во областа на кардиологијата, д-р Бакрачески носи со себе експертиза, иновативни пристапи и долгогодишно искуство, кои сега ќе бидат достапни за пациентите во Болница Плодност, се вели во соопштението од болнцата.
Д-р Бакрачески има долгогодишно работно искуство, 28 години искуство во кардиологијата со едукација во водечки центри во Европа и Америка, тој е основач на регионалниот центар за интервентна кардиологија во Охрид и првата систематски организирана мрежа за лекување на акутен миокарден инфаркт, а има изведено преку 10.000 успешно изведени стентирања и коронарографии на срцеви, вратни и артерии на нозе. Д-р Бакрачески е пионер на ендоваскуларните процедури на вени во Македонија и сертифициран меѓународен инструктор.
Центарот за ендоваскуларен третман на проширени вени е единствен во Македонија. Во склоп на Болница Плодност, овој центар ќе нуди најсовремени методи за третман на венски заболувања, прв од ваков вид во земјата, а под водство на д-р Бакрачески, се очекува пациентите да имаат пристап до најнови технологии и ефикасни процедури за лекување на венски проблеми.