Skip to main content

Сашко Кедев со историски успех: стана првиот македонец кој ги искачи сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри

Д-р Сашко Кедев е првиот Македонец што ги искачи сите 14 врвови над 8.000 метри.
 |  инфодеск  | 

Познатиот македонски кардиолог и некогашен политичар, Сашко Кедев стигна до историски успех откако стана првиот Македонец кој ги освил сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри. Тој вчера го освои Гашербрум во Пакистан, врв висок 8080 метри.

Достигнувањето на д-р Кедев го сместува меѓу најелитните алпинисти во светот. Тој сега ги искачил сите 14 осумилјадници: Еверест, К2, Канченџунга, Лхоце, Макалу, Чо Оју, Дхаулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II, а сега и Гашербрум I.

Сите 14 врвови се наоѓаат на планинските масиви Хималаи и Каракорум во Азија и го претставуваат најголемиот предизвик во алпинизмот.