Skip to main content

Италијански композитор руџеро леонкавало

Драматичната опера Палјачи во петок во НОБ

Во петок на 27-ми јануари со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“.
 |  инфодеск  | 
Опера Палјачи

Драматичната опера „ПАЛЈАЧИ“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 јануари 2023 (петок), со почеток во 20 часот.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство, ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт – мајстор: Јане Бакевски, хор – мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Борис Трајанов, Благој Нацоски и  Драган Ампов. Балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска. Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.