Друцас: Нема американски предлог за името
Нема американски предлог за решавање на прашањето за името, изјави заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас во интервју за третиот канал на националната телевизија ЕРТ.
| Маја Савиќ | Македонија
мк-грција
Нема американски предлог за решавање на прашањето за името, изјави заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас во интервју за третиот канал на националната телевизија ЕРТ.
„Нема предлог од САД. Она што имаме е нашата грчка национална црвена линија која ние им ја нагласивме на нашите соговорници, односно позицијата „ерга омнес“ – сложено име со географска одредница.
– За тоа разговаравме и тоа им го презентиравме“, одговори Друцас на прашањето дали постои конкретен американски предлог за името што му бил претставен на премиерот Јоргос Папандреу на средбите во Вашингтон со претседателот на САД Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон.
Прашан дали се разговара само за разликите околу името или и за други прашања како што се идентитетот и јазикот, Друцас вели:
„Она за што Грција разговара под мандатот на ОН е јасно: изнаоѓање заедничко прифатливо решение со нашатата соседна земја“.
{loadposition content9}