Skip to main content

За друго може и да нема пари, ама за цигари мора!

Македонците трошат повеќе пари за алкохол и цигари отколку за овошје, млеко, чевли, риба или за култура и рекреација, за образование.

alkohol i cigari
алкохол и цигари

alkohol i cigariМакедонците трошат повеќе пари за алкохол и цигари отколку за овошје, млеко, чевли, риба или за култура и рекреација, за образование.
 
Просечно четиричлено домаќинство во земјава лани се почестило со 9.423 денари, од кои 6.335 денари за тутун, а 3.088 за алкохол, пишува „Дневник“.

Тоа е сума која е далеку повисока од парите што просечно домаќинство ги одвојува, на пример, за овошје (6.607 денари), обувки со вклучени поправки (5.950 денари) или за рекреација и култура за што вкупно годишно се одвојуваат 7.113 денари.

А девет пати е помала од таа што се издвојува за образование – 1.720 денари годишно за сите четворица. Македонците убедливо најмалку се фаќаат за џеб кога е образованието во прашање.

Овие чудни податоци ги открива Статистичкиот годишник за лани, според кој ситуацијата претходните години била далеку полоша. Тогаш граѓаните повеќе посегале по паричник за алкохол и пороци отколку за други потребни набавки.

Така, ако во 2012 година потрошиле 11.863 денари за алкохолни пијалаци и тутун, лани за оваа ставка имале две илјадарки помалку, односно потрошиле 9.423 денари.

{loadposition content9}