Skip to main content

ДУИ пред Уставен го „чува“ албанскиот јазик

Седницата на Уставниот суд за преиспитување на оспорените членови на Законот за јазиците е закажана за во среда.
 |  инфодеск  | 

Бројни членови и симпатизери на Европскиот фронт саботата вечер се собраа пред Уставниот суд од каде најавуваат дека тука ќе останат дено-ноќно до среда, кога судиите треба да расправаат за Законот за јазиците.

-На 11 декември Уставниот суд има закажано седница за разгледување на уставноста на Законот за јазици кој не е само правен акт туку е симбол на Охридскиот договор и во него е втемелена јазичната еднаквост – изјави Адеми дополнувајќи дека укинувањето на законот значи уривање на еден од кучните столбови на овој договор.

Тој ги повика граѓаните од сите етнички заедници да се приклучат во иницијативата.

Првиот вицепремиер од редовите на ВРЕДИ Изет Меџити на својот фејсбук профил напиша дека албанскиот јазик не се оспорува, туку незаконското богатство на ДУИ.

Седницата на Уставниот суд за преиспитување на оспорените членови на Законот за јазиците е закажана за во среда. Засега двајцата уставни судии Осман Кадриу и Насер Ајдари најавија дека ќе ја бојкотираат седницата.