Дваесетгодишната Чарна Невзати ги брани боите на Македонија на Мис на светот 2025

Македонија и оваа година со своја претставничка на Мис на светот. Дваесетгодишната Чарна Невзати ги брани гордо и достоинствено боите на нашата земја во рамки на престижниот избор за убавина Мис на светот, чие финале ќе се одржи на 31 мај во Телангана, Индија.
Натпреварот официјално започна во саботата вечерта со спектакуларен приказ на културни настапи, меѓународна мода и глобално претставување.
-Чекорејќи во наследството на убавината со цел, на 72-та церемонија на отворање на Мис на светот, повеќе од благодарна сум што ја претставувам мојата земја на оваа глобална сцена. Чест ми е да ја носам оваа прекрасна креација од Фуад Саркис, ти благодарам што ме натера да се чувствувам како кралица! На здравје за новите пријателства, незаборавните моменти и патувањето за цел живот, вели Чарна.


