Skip to main content

Двајца афроамериканци осомничени за смртта на Лебедик

Двајца црномурести мажи се осомничени за смртта на триесет и петгодишната Зорана Лебедик, која во неделата навечер беше застрелана во Клиарвотер, Флорида.

 |   | 
zorana lebedik
Зорана Лебедик

zorana lebedikДвајца црномурести мажи се осомничени за смртта на триесет и петгодишната Зорана Лебедик, која во неделата навечер беше застрелана во Клиарвотер, Флорида.
Полицијата случајот на Лебедиќ го поврзува со грабежот што се случил недалеку од местото на убиството 45 минути претходно. Се претпоставува дека Македонката и самата била цел на двајцата крадци додека со својот велосипед се движела низ улиците на Клиарвотер.
Според информациите објавени во локалните американски медиуми, полицијата посочува дека осомничените се превезувале во поголем седан автомобил.

Македонката Зорана Лебедик (35) од Охрид во неделата вечерта била убиена со истрел од огнено оружје во градот Клирвотер во американската држава Флорида додека се возела со велосипед.
Според непотврдени информации, таа престојувала во САД како турист.
Убиената Зорана Лебедик е по потекло од Охрид, а веќе десетина години живеела во скопската населба Аеродром, каде што е и мажена со охриѓанец.  Таа била ќерка на познат охридски лекар, рендгенолог со потекло од Русија кој сега е починат. Лебедик студирала на Фармацевтскиот факултет и по завршувањето на факултетот останала во Скопје. Била вработена во друштвото за применета филозофија „Л. Рон Хабард“-Скопје.

{loadposition content9}