Skip to main content

Двајца загинати, 11 деца повредени, билансот од несреќата со трактор во кочанско

Една жена загина и возачот на тракторот, а 11 деца се повредени тешко, од кои три се во критична состојба, и во средата навечер се згрижени на скопските клиники, изјави министерот за здравство Никола Тодоров кој е присутен во Ургентниот центар во Скопје.

traktor
трактор

До несреќата дошло откако тракторот во чија приколка се превезувале вкупно 16 лица од кои повеќето биле малолетници кои биле на излет во месноста Илин дол, се превртел на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Несреќата се случила во средата навечер околу 19.30 часот.

minister TodorovНа лице место загинал 63-годишниот Миле Давитков од кочанско Градовци, а 11 деца кои се превезувале во приколката поради сериозните повреди се транспортирани во Ургентниот центар во Скопје.

На скопските клиники, покрај министерот за здравство Никола Тодоров, во средата дона навечер присутни се и премиерот Никола Груевски и повеќе министри кои дошле директно од седница на владата на којашто биле информирани за тешката несреќа.

{loadposition content9}