Економист: Најмизерна земја во светот е … Македонија
Угледниот британски весник Економист ја стави Маедонија на прво место во светски рамки според мизеријата во која живеат нејзините граѓани.
Од 92 земји во светот за кои имаме податоци, Македонија има најголема стапка на невработеност од 32 отсто, додека стапката на инфлација изнесува 3 отсто, пишува лондонскиот весник.
Истиот извор додава:”Македонија е на врвот на мизеријата, кој е комбинација од два силни показатели на еконмската темнина – невработеноста и инфлацијата”.
Во текстот на Економист се посочува дека цените неконтролирано растат и тие се главно проблем на земјите богати со нафта, но кои имаат лош економски менаџмент, какви што се Венецуела и Иран и во помал степен Русија.
“Зачудувачки е тоа што сепак, високата невработеност ги става во ист кош и богатите европски земји заедно со оние што се најмизерни на светот”, наведува Економист.
{loadposition content9}