Skip to main content

Органодарителство

Еден донор утрово спаси четири животи

Со безусловна добрина на едно семејство и медицинските тимови на скопски клиники утрово за прв пат во историјата на македонското здравство во еден ден и акт беа експлантирани 4 органи за нов живот.
 |  инфодеск  | 
органодарителство

За прв пат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт.

„Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања.“ – информираа од Министерството за здравство.

Од министерството упатија благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина и до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се уште работат на скопските хируршки и интерни клиники.

На пациентите кои добија органи им посакуваат брзо опоравување.