Skip to main content

Електронско аплицирање за упис во средните училишта

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
 |  инфодеск  | 
man with backpack beside a books

Со цел оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта во Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука и оваа година преку дигитална услуга ќе им овозможи на учениците електронско аплицирање.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.

Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава.

Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15.00 часот, додека второто пријавување е на 1 јули и 2 јули 2024 година до 15:00 часот.