Skip to main content

Благодарност за помошта во справување со последиците од катастрофата

Ердоган додели медал за пожртвуваност на спасувачите од Македонија

Врховниот државен медал за пожртвуваност од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган го прими Заменик-директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зулфиќар Зејнулаи.
 |  инфодеск  | 
Медал

Заменик-директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зулфиќар Зејнулаи, во име на Македонија вчера го прими Врховниот државен медал за пожртвуваност од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, што се одржа во Националниот конгресен и културен центар во Бештепе.

Во потрагата и спасувањето по катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција, покрај републичките сили на Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваа и припадници на Армијата на Македонија.

На церемонијата на доделувањето беше присутен и амбасадорот на Македонија во Турција, Јован Манасојевски.