Skip to main content

Граѓаните етнички би се мешале во спортот и на работните места, но не и во брак

Граѓаните даваат најголема поддршка за меѓуетничко мешање во спортот и забавата, како и на работното место, а најмала за мешани бракови, покажа последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка на меѓуетничките односи во Македонија.

 |   | 
brak
брак

mcmsМнозинство граѓани, или 59.2 отсто веруваат дека повеќе мешање во сите области ќе води кон подобри меѓуетнички односи. Најголема е поддршката за мешање во спорт и забава 81,5 отсто, на работно место 71,5 отсто, посакувана е во политички партии 65,7 отсто, а најмала е за мешани бракови 25,6 отсто.

Еден од три граѓани нема пријател од друга етничка припадност. 35,6 отсто од етничките Македонци, 27,7 отсто од етничките Албанци и 25,3 отсто од Ромите немаат пријатели од друга етничка припадност.

Граѓаните поддржуваат изучување на јазиците на другите етнички групи, подобра подготовка на учениците за мултикултурализам и за комплексноста на историјата.

Четири од пет граѓани имаат перцепција дека живеат во соседства во кои сите или повеќето соседи се од иста етничка припадност.

{loadposition content9}