Skip to main content

ЕУ денес ќе решава за злоупотребата на безвизниот режим

Безвизниот режим за Србите и Македонците за шенген зоната на ЕУ беше доведен во прашање откако Белгија и Шведска изразија нова загриженост околу можно негово злоупотребување.

 |   | 
EU zname
ЕУ знаме

pasoshБезвизниот режим за Србите и Македонците за шенген зоната на ЕУ беше доведен во прашање откако Белгија и Шведска изразија нова загриженост околу можно негово злоупотребување.

Предлогот на Европската комисија за привремено воведување визен режим кон државите чии што граѓани го злоупотребиле безвизниот режим во понеделник треба да се најде пред Советот на министри на Унијата, а денеска е пред министрите за внатрешни работи и за правда.

На прашањето дали Македонија ќе успее да ја спречи привремената суспензија на безвизниот режим, од надлежните институции досега кажуваа дека визите нема да се вратат и уверуваа дека ќе направат се за да ги спречиме лажните азиланти.

Новата политика за миграции што ја најави Европската комисија засега наидува на различни објаснувања. Според едни експерти, привременото воведување визен режим всушност ќе донесе одредени ограничувања како поголема рестриктивнсот на граници, додека други сметаат дека можноста што ја најави ЕК значи враќање на визите.

{loadposition content9}