ЕВН и ТАВ поставија полначи за електрични автомобили на аеродромите во Скопје и во Охрид
Од денес, патниците, корисниците, гостите и персоналот на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе имаат на располагање дополнителна услуга и погодност – четири станици за полнење електрични возила. Оваа нова предност, која дополнително ја збогатува понудата на ТАВ Аеродроми, е овозможена од ЕВН Македонија и е во согласност со стратегиите за одржливост и континуирано подобрување на услугите за клиентите на двете компании.
Новопоставените станици за полнење на електрични возила кои работат на наизменична и еднонасочна струја се стратешки лоцирани на паркинзите на двата аеродрома и можат истовремено да полнат до осум електрични возила – шест на аеродромот во Скопје и две на охридскиот.
„Како прва компанија што воспостави национална инфраструктура за полнење електрични возила, продолжуваме да ги интензивираме нашите напори за проширување на мрежата за брзо полнење преку силни партнерства со бизнисите и локалните заедници. Нашата соработка со ТАВ Македонија ни овозможува дополнително да ја поддржиме мобилноста на сопствениците на електрични возила, што е дел од нашата долгорочна стратегија. Покрај обезбедувањето на преку 100 точки за полнење во 18 различни градови низ земјата, се фокусираме и на поставување брзи полначи долж клучните патнички коридори што возачите ги користат за национални и за меѓународни патувања,“ изјави Волфганг Маиер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
„Како ТАВ Аеродроми, возбудени сме што ставивме во употреба станици за полнење е-возила како нова можност и погодност на аеродромите во Скопје и Охрид. Оваа иницијатива на ТАВ Аеродроми обезбедува брзо полнење на зголемениот број корисници на е-возила им овозможува да ги надополнат своите е-возила и се усогласува со нашата посветеност и основната корпоративна вредност – одговорноста. Сепак, оваа предност за корисниците на аеродромите е уште еден доказ за нашите постојани напори да промовираме одржливи практики на аеродромите каде што работиме. Она што е исто така важно за нас е тоа што подобрувањата како ова го збогатуваат искуството на патниците и корисниците додека патуваат низ нашите аеродроми или при пречекување или испраќање со нивните пријатели и членови на семејството,“ изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Техничките тимови од ТАВ Македонија и ЕВН Македонија соработуваа на овој проект, придонесувајќи кон пошироката мисија за промовирање на еколошката свесност. Покрај еколошките придобивки, воведувањето станици за полнење електрични возила ја нагласува посветеноста на двете компании кон иновации, задоволството на корисниците и унапредувањето на корпоративната општествена одговорност за да обезбедат одржлива иднина, се вели во нивното соопштение.