Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј прогласени за свети
Во рамки на одбележувањето 45 години македонска црковна автокефалност, денеска, Македонската православна црква ги прогласи за свети тројцата свештеномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј кои пострадале за верата Христова во 1558 година.

Светата архијерејска литургија се одржа во манастирскиот компкекс „Св. Богородица Пречиста“ кај Кичево.
На Малиот вход првпат беше изнесена иконата на светите Пречистански преподобномаченици со која архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ги благослови присутните верници. Тој ги освети и темелите на новиот манастирски конак со параклис посветен на Преподобномачениците.