Skip to main content

Европските божикни елки украсени со моликови шишарки од Пелистер

Шишарките од пелистерската молика од Македонија се дел од најубавите божикни и новогодишни украси во Европа, најмногу во Германија и Италија. Берењето на шишарките е тешка и опасна работа, ја вршат искусни берачи.

 |   | 
shisarki
shisarki
shisarkiШишарките од пелистерската молика од Македонија се дел од најубавите божикни и новогодишни украси во Европа, најмногу во Германија и Италија. Берењето на шишарките е тешка и опасна работа, ја вршат искусни берачи.

Моликовата шишарка  во изминатите години стана можност за егзистенција на многу семејства во селата под Пелистер. За  килограм шишарки добиваат по 40 денари, а откупот на семе е 300 денари за килограм. Шишарките  се користат за изработување украси. Семето го откупува Националниот парк „Пелистер‘‘ за пошумување на голите површини на Баба Планина.

Ендемичното растение, моликата, на големи површини вирее само на Пелистер, иако на сосема мали површини  ја има и во некои делови на Србија, Бугарија и Албанија.

Годинава најголем дел од шишарките биле извезени во Германија и Италија. Таму шишарките ги аранжираат во најубавите божиќни и новогодишни венци и икебани со кои ги украсуваат домовите и фирмите.

{loadposition content9}