Skip to main content

Европски кредит за реконструкција на македонските болници

Создадени се услови за почнување на првата фаза од проектот за реконструкција на 20 јавни здравстевни установи.

 |  Маја Савиќ  | 
Bolnici
Болници

BolniciСоздадени се услови за почнување на првата фаза од проектот за реконструкција на 20 јавни здравстевни установи по официјалното потпишување на договорот за заем со Банката за развој при Советот на Европа, потврдија на денешната прес конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за здравство Бујар Османи. Европската институција на Македонија и одобри кредит кредит во износ од 23 милиони евра. „ Станува збор за еден од покрупните проекти во последните 20 години во здравството, кое е единствениот сектор кај кој ќе има зголемување на финансиите со претстојниот ребаланс на Буџетот“ рече Ставрески. Кредитот е со рок на отплата од 20 години по пет годишен грејс период, со променлива каматна стапка која моментно изнесува од 1,2 проценти на годишно ниво.

{loadposition content9}