Европскиот парламент во среда за Македонија
Европскиот парламент на пленарна седница во среда на 10 февруари ќе расправа за напредокот на Македонија, Хрватска и на Турција кон членството во Европската унија.
Европскиот парламент на пленарна седница во среда на 10 февруари ќе расправа за напредокот на Македонија, Хрватска и на Турција кон членството во Европската унија.
Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент неодамна ги усвои амандманите на предлог-резолуцијата за Македонија, со која ја повикува Европската унија во март да одреди датум за почеток на претпристапни преговори со Македонија.
Во предлог -резолуцијата се повикува и на удвојување на напорите за изнаоѓање на заедничко решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција.
Документот е предложен од словенечкиот европратеник Зоран Талер, кој во Европскиот парламент е известувач за Македонија.
Оваа вест е преземена од:
http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/98569/view
{loadposition content9}