Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ, доаѓа на местото од Сања Лукаревска
Фани Каранфилова Павловска е избрана за нов заменик претседател на СДСМ.
| инфодеск | Македонија
Фани Каранфилова Павловска е избрана за нов заменик претседател на СДСМ.
Сања Лукаревска, поранешната заменик претседател на СДСМ си поднесе оставка на функцијата по изборниот пораз во мај. Функција заменик-претседател беше воведена во 2013 година, откако на чело на СДСМ дојде Зоран Заев, а првично ја вршеше Радмила Шекеринска.
Каранфилова Пановска е поранешна директорка на фондацијата Отворено општество.
– Таа е личност која ја познавам долго време и која цврсто верува во социјалдемократските вредности. Активно учествувала во граѓански организации, особено во Фондацијата Отворено Општество, и има соработувано со субјекти кои ги делат вредностите на нашата партија. – изјави Филипче.
ФОТО: МИА