Фатени ли се осомничените за случајот „Монструм“?
Косовската полиција го проверува идентитетот на двете лица уапсени синоќа околу 19 часот, за кои беше соопштено дека се Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осомничени како директни извршители на петкратното убиство кај Смиљковското езеро.

Претходно, косовската полиција ја известила министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека двајцата одговараат на описот од меѓународната потерница, но дека немале никакви документи за идентификација, пренесуваат медиумите во Косово.
Министерството за внатрешни работи се очекува во текот на денот да излезе со детални информации во врска со апсењето на Демири и Исмаиловиќ, осомничени дека се директни извршители на убиствата во случајот „Монструм“ и за нивната екстрадиција.
Засега нема информации дали полицијата ги привела по основ на меѓународната потерница или пак за некое друго дело извршено на косовска територија.
Инаку, судскиот процес за петкратното убиство почна на 20 декември 2012 година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири.На 12. април минатата година без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски.
{loadposition content9}