Skip to main content

Почнува Фестивалот на класична музика „Интерфест“

Фестивалот на класична музика „Интерфест“ почнува вечер во НУ Завод и Музеј-Битола со гала оперски концерт на Џована Манчи, сопран од Италија, во придружба на Тамара Марковиќ, мецосопран од Србија, Михајло Арсенски, тенор и Игор Дурловски, бас, двајцата од Македонија.

Interfest

BitolaТие ќе изведат дела од Доницети, Росини, Пучини, Верди и од Прокопиев. На програмата на „Интерфест 2008“ ќе учествуваат светски познати уметници од Франција, како што е пијанистот Иг Леклер, од Германија доаѓа Франк Васер-пијано, од Турција својот настап го потврдија Чихат Аскин-виоилина и Џана Гурман-пијано, а ќе има гости и од Австрија, Норвешка и, секако, од Македонија.

За време на Фестивалот на класична музика што се одржува по 17-ти пат и е под покровителство на Министерството за култура, ќе бидат одржани и работилници со Мерал Јапали, пијано од Турција и Андреа Кардинале, виолина од Италија.