Skip to main content

Култура

Фестивал Париз – Берлин – Вашингтон 2022

Фестивалот „Париз – Берлин – Вашингтон 2022”. Во селекцијата се избрани и македонските  филмови „Стела“ и „101 улога, 102 животи Бајруш Мјаку“.
Фестивал

Охрид, 31 мај 2022 – Oд утре, па се до 6 јуни, како онлајн издание, дванеесетто по ред, зе одржува Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа: “Париз – Берлин – Вашингтон 2022”.

Фестивалот, ги презентира најдобрите остварувања од регионот, Европа и САД.

Во селекцијата се избрани и македонските  филмови „Стела“ од Стојан Вијучиќ и „101 улога, 102 животи Бајруш Мјаку“ во режија на Филип Херин.

За наградите на фестивалот ќе одлучуваат две жирија, европско и американско. Во состав на европското жири се  Фроса Пејоска-Бушеро, професор на ИНАЛКО Париз и филмските критичари Фредерик Фапани, Ив Русле и Игор Станковиќ.

Американското жири го сочинуваат Роман Костовски, Патрисија Корбет, и Жаклин Хедингтон, филмски и литературни публицисти и критичари.

Наградените филмови од фестивалот, подоцна ќе бидат презентирани во рамките на проектот Балканофилмофилија во Скопје. Проекциите се во соработка со Кинотеката на Македонија и Општина Карпош, како и во повеќе други градови од Балканот.

Фестивалот се одржува под покровителството на Министерството за култура на Република Франција.

Во досегашната историја на оваа манифестација која стана културен прозорец на новите имиња на синеасти кои за првпат ги презентираат своите остварувања во двата најголеми центри на Европа. Досега се прикажани над стотина играни и поголем број документарни, кратки и анимирани филмови.

Покрај тековната фестивалска продукција, во соработка со Academia Balkanica Europeana, фестивалот ги воведе признанијата Легенди на Југосточна Европа. Со тоа ги вреднуваше  опусите на режисерите Вељко Булајиќ, Душан Макавејев, Луцијан Пинтилие, Боро Драшковиќ.

Оваа година виското признание му припадна на познатиот словенчки режисер со македонско потекло Карпо Аќимовиќ Година (SEE Film Legend 2022). 

Оваа година добитик на признанието Актер на Југоисточна Европа е  македонскиот актер Бајруш Мјаку (SEE Actor 2022).

Признанието за животно дело во областа на филмската документаристика „Гран При Фредерик Росиф 2022“ ,му припадна на Владимир Перовиќ од Црна Гора.

Наградата Еуропа Прима (Europa Prima 2022) им е доделена на познатиот актер и режисер од Србија Драган Бјелогрлиќ, и на  модниот креатор Изет Цури. Наградата SEE Personality 2022 за придонес и поддршка на кутурата му припадна на македонскиот бизнисмен Митко Јанчев.