Туризам
Фестивал на ракија во Винскиот музеј
Директорт на АППТ, д-р Љупчо Јаневски на покана на здружението Ж’та беше дел од фестивалот на ракија во дворот на Винскиот музеј.
Директорт на АППТ, д-р Љупчо Јаневски на покана на здружението Ж’та беше дел од фестивалот на ракија, кој за првпат се одржува во дворот на Винскиот музеј.
„Винскиот туризам е значаен сегмент од развојот на туристичката понуда и АППТ ќе продолжи активно да го промовира, зошто истиот генерира раст на локалната економија” – изјави директорот Јаневски.
На фестивалот се претставуваат производители од Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион, но и од други места. Од Винскиот музеј велат дека ќе продолжат да ги поддржуваат настаните посветени на производите од грозје и лозаровинарскиот туризам.