Skip to main content

Филолошкиот факултет „Блаже Конески” ќе ја зголемува функционалната писменост на основците и средношколците

Во проектот учествуваат и неколку основни и средни училишта во земјава. Проектот се планира да биде долгорочен.
 |  инфодеск  | 

Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје започна со спроведување проект насочен кон подигнување на нивото на функционална писменост во основното и средното образование.

Во проектот учествуваат и неколку основни и средни училишта во земјава. Проектот се планира да биде долгорочен. Во првата фаза, која ја вклучува 2024 година, фокусот е на функционалната писменост во областа на јазиците, односно на развивање на вештините на читање со разбирање, поврзување информации од различни извори, критичко размислување и аргументација.

Понатаму, се планира соработка и со други институции, како и вклучување на други области што се изувчуваат во основното и средното образование.