Skip to main content

Управа за јавни приходи

Финансиска помош за исплата на минимална плата

Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот за измена и дополнување на Законот за минимална плата имаат право на финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата за период од месец март 2022 до месец декември 2022 година.
 |  инфодеск  | 
УЈП

УЈП ги информира сите работодавачи дека од денеска може да аплицираат за добивање на финансиска помош за исплата на минимална плата.

На веб страната на УЈП, веќе е поставен клиентскиот софтвер преку кој може да се поднесе барање за финансиската помош, за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата.

Работодавачите кои сакаат да користат ваква државна помош, при поднесување на МПИН, во полето 3.23 треба да ја внесат шифрата 405, за сите вработени за кој побаруваат финансиска помош.

Работодавачите кои веќе ја исплатиле мартовската плата, а не побарале финансиска помош, истото може да го сторат со поднесување на исправка со внес на шифра 103, само за вработените лица за кои бараат обезбедување на финансиска помош.

Право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите работодавачи кои не се ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработеното лице.

Финансиската помош се остварува по исплата на платата за месецот за кој се обезбедува. Исплатата ќе се врши преку Министерството за труд и социјална политика.

Финансиска помош не може да користи работодавач кој користи субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за работници заради зголемување на плата. Обврзник кој користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за работници, за периодот додека ја користи мерката, орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија.

Работодавачите кои ќе добијат финансиска помош се должни работникот за кој ќе добијат поддршка да го задржат на работа најмалку една година по завршувањето на користење на мерката.

Преку ваквите мерки на директен начин се намалуваат давачките што работодавачите ги имаат за придонеси, а се оддржува и ликвидноста на домашното стопанство, стои во соопштението на УЈП.

Повеќе информации тука