Формирање на анкетна комисија за прислушкуваните разговори
Соопштение од Собранието на Република Македонија
| инфодеск | Македонија
Како што соопштија од Собранието, на денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи донесен е заклучок за формирање на Анкетна Комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушкувани разговори.
„Анкетната Комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата кои припаѓаат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и останатите партии во коалицијата ќе се вратат во парламентот, што впрочем претставува клучна порака од меѓународната заедница. Со Анкетната комисија ќе претседава пратеник од опозицијата“, се вели во соопштението од Собрание.