Skip to main content

Фуере во одбрана на хомосексуалците

Евроамбасадорот Ерван Фуере во заштита на хомосексуалците. Бара повлекување на предлог-законот за анти-дискриминација и изготвување на нов.

 |  Маја Савиќ  | 
gay
геј

gay„Иако ги поздравуваме сите напори, навистина жалиме што нацртот на законот што беше доставен во Собранието, не само што ја исклучува категоријата со различна сексуална ориентација, по однос на многу прашања не ги отсликува интересите и законодавството на ЕУ“, изјави денес евроамбасадорот Фуере.

Тој не е единствениот што смета дека треба промена на текстот на предлог-законот. По амбасадорите од земјите членки на ЕУ, истиот став го има и граѓанскиот сектор.

“Сметаме дека неопходно е подобрување во неколку одредби, вклучувајќи ги основите за дискриминација, како и во одредени дефиниции за форми на дискриминација“, изјави Сашо Клековски од МЦМС.

Од владата, пак, велат дека препораките на меѓународната заедница се вклучени во нацрт-законот.

„Законот е сега во собраниска процедура. Тука Владата не може да се вклучува за да го промени истиот. Меѓутоа, јас ценам дека повеќето од препораките што беа дадени од Европската Комисија и мисијата на ОБСЕ во Македонија беа прифатени“, изјави Џељаљ Бајрами, министер за труд и социјална политика.
{loadposition content9}