Skip to main content

Фуере замина, Соренсен денес ќе пристигне во Македонија

Новиот евроамбасадор е непознат во нашата земја, но нашите северни соседи добро го познаваат. Младиот европски дипломат ќе ја продолжи мисијата на Ерван Фуере за приближување на земјава кон Европската унија.

 |  Мишел Наумоски  | 
Sorensen
Соренсен
Ерван Фуере и официјално ја напушти земјава. На негово место денес пристигнува данецот Петер Соренсен. Новиот евроамбасадор е најмладиот европски дипломат кој работел во земјава, но е добар познавач на Балканот. Тој ќе се соочи со предизвикот да ја воведе земјава во Европската унија. Претходно оваа мисија ја предводеше ирскиот амбасадор Ерван Фуере. Тој во земјава беше присутен нешто повеќе од 5 години. На заминување тој потсети на сеуште постоечките проблеми со кои ќе се соочи и новиот европски дипломат.

„Нема онолку прогрес колку што сакав да има. Европската унија постојано ги потсетуваше лидерите на важноста во вклучувањето во работата со локалните заедници, на промоцијата на политичкиот дијалог, на создавањето на услови кои навистина ќе го подобрат економскиот развој. Овде сеуште имаме навистина висока невработеност, многу социјални проблеми, но јас мислам дека она што може да и помогне на оваа земја да успее на крајот, е духот на својот народ. Овој дух на народот се одразува на сите нивоа и во сите сектори на граѓанското општество.“-рече екс-амбасадорот Фуере

Фуере како европски амбасадор беше доста ангажиран и присутен меѓу народот. Во неодамнешното интервју кое тој го даде за ТВМ, ја откри тајната на неговата досегашна успешна работа.

mk-eu„Сигурно не очекував дека политиката ќе игра така важна улога и не очекував дека ќе биде толку тешко. Но и покрај сето ова, мислам дека земјата има едно силно оружје, а тоа е духот на народот. Народот на оваа земја навистина покажува еден дух на одлучност, една желба да се оди напред. Јас ја имав привилегијата да сретнам толку многу луѓе насекаде низ земјава, во оддалечените заедници и тоа ми помогна да ги разберам нивните проблеми на еден многу реален начин.“додаде Фуере

Дали Петер Соренсен ќе ги слушне советите на Фуере или ќе користи некои други методи?
Без разлика на методите, целта и на Соренсен и на сега веќе екс-амбасадорот Фуере е една иста-да се воведе Македонија во Европската унија. Оваа мисија и натаму останува еден од најтешко остварливите приоритети на земјава.


{loadposition content9}