Skip to main content

Фондот за здравство ги крати парите на граѓаните

Фондот за здравство има нови правилници за здравствено осигурување, со кои граѓаните ќе треба да плаќаат поголеми придонеси од досегашните.

 |   | 
fzom
fzom

Фондот за здравство има нови правилници за здравствено осигурување, со кои граѓаните ќе треба да плаќаат поголеми придонеси од досегашните.

Така невработените кои по некој основ преку трансакциска сметка примиле повеќе од 96.600 денари годишно, односно приход повисок од 8.050 денари месечно, за сини картони ќе мора да плаќаат по 1.100 денари месечно. Оние, пак, кои имаат приходи повисоки од 183.546 денари, односно повеќе од 15.300 денари месечно, ќе треба да праќаат по 2.200 денари за картончиња.

Фондот за здравство, поради недостиг на пари, го намали и процентот од плата што го добива осигуреникот доколку користи боледување подолго од 3 недели.

Со одобрение на министерот за здравство, наместо 85 проценти, сите што од денеска ќе отворат боледување подолго од 21 ден, од Фондот ќе добијат само 70 проценти од својата плата.

{loadposition content9}