Гастрономијата како културен идентитет
Почнува тридневна едукативна обука за толкување на наследство за одржлив развој на културниот и природниот туризам. Преку работилницата учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини на креативна визуелизација и комуникација од областа на толкувањето на наследството и како да создадат културно-туристички производи кои преку искуството на самите гости ќе придонесат за одржлив развој на нашите локални заедници.
Обуката за интерпретација на „Гастрономијата како културен идентитет“ е во организција на ХАЕМУС и ќе се случува помеѓу 09-11.05.2022 во Скопје. Обуката ќе је водат Дубравко Фијачко (Хрватска) и Јања Сивец (Словенија) кои се сертифицирани тренери за интерпретација со акредитација здобиена преку Interpret Europe. Проектот е поддржан преку програмата i-Portunus houses.
Оваа обука е наменета за оние кои професионално се занимаваат со одреден бизнис којшто во голема мера го допира природното или културното наследство, но пред сѐ е фокусиран на локалната гастрономија.