Skip to main content

Германија повика на итно решавање на спорот за името

Македонија и Грција треба итно да го решат прашањето за името, порача државниот министер во германското министерство за надворешни работи, Гернот Ерлер.

Gernot Erler
Гернот Ерлер
Македонија и Грција треба итно да го решат прашањето за името, порача државниот министер во германското министерство за надворешни работи, Гернот Ерлер.

– Политичарите во двете земји треба да создадат услови за заеднички прифатливо компромисно решение, рече германскиот дипломат и ги охрабри Скопје и Атина да се стремат кон решение, јавува Макфакс.

Ерлер коментарите за името ги даде во контекст на македонското приближување кон Европската унија на конференција за релациите меѓу Унијата и Западниот Балкан во вторникот во Берлин. Тој потсети дека Македонија се стреми да започне преговори за членство со ЕУ на крајот од годинава.

Според него последните македонски избори ги исполниле повеќето меѓународни стандарди и се охрабрувачки сигнали за следниот позитивен извештај за прогресот на земјата, што Европската комисија треба да објави во октомври.

Во врска со визната либерализација, Ерлер јасно порача дека порача дека Германија поддржува укинувањето на визите, за земјите, кои ги исполнуваат неопходните услови .

Германскиот дипломат рече дека последните оценките изнесени во извештаите на Европската комисија го потврдуваат очигледниот напредок во исполнувањето на условите за целосна визна либерализација „пред се“ од страна на Македонија.

„Очекуваме Европската комисија во јули да достави предлог за воспоставување на безвизен режим со земјите кои постигнале најголем напредок, на почетокот на 2010-та г“, рече Ерлер.

 

{loadposition content9}