Skip to main content

ДИК

Гласањето на првиот круг претседателски избори се одвива тековно без проблеми

Сите избирачки места се отворени навреме. Излезноста до 9 часот на првиот круг претседателски избори е 3,85%, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првата прес-конференција.
 |  инфодеск  | 

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори. Сите избирачки места во 80 општини утрово беа отворени во 7 часот и гласањето се одвива тековно. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.

Излезноста до 9 часот на првиот круг претседателски избори е 3,85%, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првата прес-конференција. Од отворањето на гласачките места, до 9 часот гласале 25.744 гласачи.

Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се на обработка. – рече Даштевски, кој појасни дека се работи за лица кои не се пронајдени на списокот и дека други посериозни проблеми нема.

Изборниот ден го набљудуваат 915 домашни и 544 меѓународни набљудувачи, а за текот на изборниот ден известуваат 58 странски новинари.

Активен е бесплатниот телефонски број 0800 555 44 на кој граѓаните можат да поставуваат прашања во врска со остварување на своето право на гласање или да пријават неправилности до ДИК. Исто така активна е и video call линијата 076 488 360 на која лицата со оштетен слух и говор ќе можат да постават прашање до ДИК и да добијат одговор на знаковен јазик.