Skip to main content

Голем музичко-сценски спектакл за 35 години независност, над 120 македонски уметници на сцената

Перформансот ќе започне со едни од антологиските стихови што ги напишал големиот Анте Поповски во неговата антологиска песна „Македонија“.
 |  инфодеск  | 

Владата најави дека над 120 македонски уметници ќе бидат дел од централниот проект за одбележување на 35 години независност на Македонија, кој, според портпаролката Марија Митева, претставува еден од најзначајните културни проекти во изминатите три и пол децении.

Kако што е предидено, настаните треба да се одржат на отворено во 14-15 градови во Македонија, а низ уметничка перспектива ќе бидат прикажани сите моменти кои не направиле горди, среќни, кои не обединуваат или, како што велат организаторите, се она што било важно во изминатите 35 години од независноста.

-Самиот проект е замислен како музичко-сценски перформанс на тема 35 години независност на Македонија, односно 35 години на сите важни моменти кои што нè обединуват, нè прават горди и среќни, односно се она што е важно во овие 35 години, се разбира низ една уметничка перспектива. Музичко -сценскиот перформанс нема да има задача да биде некаква хронологија, односно да се занимава со реалното време. Всушност создаваме една уметничка реалност каде што низ едно музичко – сценско патување ќе патуваме низ тие 35 години, обидувајќи се од два агли да ја гледаме независноста. Едниот агол е генарацијата која беше директен учесник во тоа, а другата е младата гнерацијата која ја наследува независноста. Значи, ќе се обидеме низ еден уметнички начин да ги споиме генерациите и да направиме еден мост, посочи идејниот творец на проектот Дејан Пројковски на денешната прес-конференција во Македонската опера и балет.

Појасни дека перформансот ќе биде поддржан со сериозна техника и технологија, а низ него ќе нѐ води Игор Џамбазов.

-Ќе се обидеме овој празник да важи за сите, за сите граѓани на независна Република Македонија. А не дека досега не било така, но овој пат ќе се даде посебна назнака на тоа дека сите го прославуваат. Роденден на сите оние коишто се чувствуваат лојални граѓани на оваа држава, рече Џамбазов на прес-конференцијата.

Според него, со организаторите на настанот се договориле перформансот да почне со едни од антологиските стихови што ги напишал големиот Анте Поповски, во неговата антологиска песна „Македонија“.

-Таа завршува со стиховите „О, еве ја таа проста земја од грч и од чекање што ги натера ѕвездите да прошепотат на македонски, а никој не ја знае.“ Овие стихови се напишани пред 40-45 години. Ова е вистинска шанса овој проект да докаже дека повеќе не е така. Дека не само што ѕвездите веќе шепотат на македонски, туку малку по малку сите научија која е таа Македонија, каде се наоѓа, а најмногу поткрепено од фактот дека надвор ќе бидат одекнат и голем број успеси на државата во спортот, во уметноста, истакна Џамбазов.

Во јавниот фокус досега веќе беа најавени големи настани за јубилејот, меѓу кои концертот на Дејвид Гета на 8. септември и настапот на Хозе Карерас на 1. септември во Скопје.