Skip to main content

Ѓорѓе Иванов помилува 56 лица

Миле Јанакиевски е прв на списокот со 16 помилувања

 |  инфодеск  | 

Знајни и звучни имиња, но и анонимци и незнајни за јавноста. Сите се нашле на листата за помилување на Иванов. Од политичари, преку судии, специјални обвинители, градоначалници, па се до директори, сопственици на портали, членови на општински комисии, и службеници.
Рекордер е екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со 16 помилувања. По него е екс министерката Гордана Јанкуловска за која Иванов потпишал дури 13. Во првата тројка се најде и Сашо Мијалков, за кого Иванов потпишал 6 помилувања.
Никола Груевски и Мартин Протоѓер имаат ист број помилувања, пет, веднаш зад нив е секретарот на владата Кирил Божиновски со четири, директорот на петтата управа Горан Грујевски со три помилувања. последни на листата со повеќе од едно помилување се претседателката на советот на Град Скопје, Ирена Мишева, поранешниот директор на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски Радникот, претседателот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски.
Меѓу звучните имиња на сегашни и поранешни функционери се најдоа, Претседателот на собранието Трајко Вељановски, поранешниот претседател на република македонија и лидер на СДСМ Бранко Црвенковски, Градоначалниците на Скопје Коце Трајановски, на Битола Владимир Талевски, на албански пустец Едмон Темелко Тони Трајковски Градоначалникот на Гази Баба, но и поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ. Но меѓу помилуваните се и имињата на тројца специјални обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова, и Гаврил Бубевски. Директорот на затворот Живко Пејковски е исто така на листата помилувани функционери. Заедно со нив се најде и поранешниот шеф на обезбедувањето на Груевски, Дејан Митровски – Урко, Мунир Пепиќ вработен во Агенцијата за разузнавање, на јавноста и стана познат како осомничен за фалсификување на лични документи. Исмет Гури од Општинската изборна комисија во Чаир исто така осомничен во акцијата на специјалното обвинителство Титаник.