Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Горивата поевтини за еден денар

Од полноќ, бензините и дизелот поевтинуваат за еден денар. Дизелот останува 12,5 денари поскап од бензинот од 95 октани.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Од ноќеска на полноќ за еден денар поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 84,50 денари, а 87 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 97 денари, а екстра лесното за 93,5 денари.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,990 денари за килограм и ќе изнесува 51,473 денари за килограм.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25 проценти во однос на одлуката од 5 септември годинава.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,236 проценти, кај дизелот за 2,617 проценти, кај екстра лесното масло за 2,786 проценти  и кај мазутот намалување за 3,266 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,848 проценти.