Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад
Горивата поевтинуваат за два денари
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,79 отсто.
| инфодеск | Македонија
Цената на горивата од ноќеска на полноќ се намалува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,79 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,514 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот и ќе изнесува 40,572 денари.