Skip to main content

Грабеж на бензинска во Струга

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчераутро ограбил бензинска пумпа во Струга, од која однел плен од околу 27.000 денари.

razbojnik
разбојник

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчераутро ограбил бензинска пумпа во Струга, од која однел плен од околу 27.000 денари.

strugaГрабежот се случил околу 3 часот, кога разбојникот влегол во просториите на бензинската пумпа „Уника“ и го вперил оружјето во вработениот К.Д. (32).

Откако го репетирал пиштолот, маскираниот арамија му рекол на вработениот да му ги даде парите, кој, пак, исплашен за својот живот, веднаш му ја фрлил чантата во која веќе биле спакувани парите од дневниот промет.

Разбојникот со пленот побегнал од местото, а К.Д. го пријавил случајот во полиција, која трага по сторителот.
 
{loadposition content9}