Skip to main content

Граѓаните го чекаат ветеното субвенционирање за стан

Економистите сметаат дека владината иницијатива за субвенционирање на станбени кредити е непродуктивен трошок.

 |   | 
kluc
клуч

klucЕкономистите сметаат дека владината иницијатива за субвенционирање на станбени кредити е непродуктивен трошок.
Општите услови за владина помош, според медиумските извештаи, се нерешено станбено прашање и приходи до 900 евра.
Се поставува и прашање за тоа колку ваквата мерка  е фер? Субвенциите ќе се покриваат со народни пари од Буџетот и останува да се види како ќе реагира онаа категорија граѓани кои без државна помош отплаќаат стан и плаќаат данок, ако знаат дека со нивни пари се плаќа туѓ стан.

Мерката беше промовирана пред избори од ВМРО ДПМНЕ, што создава сомнение дека станува збор само за предизборно ветување.

Проценките за трошокот на овој проект на годишно ниво се различни. Се шпекулира дека субвенционирањето на станбени кредити ќе ја олесни државната каса за од 12 до 80 милиони евра.

{loadposition content9}