Skip to main content

Граѓаните со голем интерес за кампањата на ЕВН и ЕЛЕМ

Кампањата на енергетските компании EVN Македонија и ЕЛЕМ, со која на граѓаните им се нуди тужените долгови да ги платат на рати без камата, прифатена е со голем интерес.

 |  Маја Савиќ  | 
strujomeri
струјомери
smetkiКако што информираат  од EVN Македонија, од почетокот на акцијата склучени се над 4.500 спогодби, при што 70 отсто од договорите склучени се во Скопје.
Поголем интерес за расчистување со тужените долгови има кај домаќинствата, додека кај правните лица интересот е нешто помал, велат од EVN Македонија.
Според компанијата, расте и бројот на склучени спогодби со оние граѓани кои на почетокот се чуделе од каде се долговите кои им се прикажани на сметките за струја.
Новиот наплатен систем има можност да ги прикаже сите долгови па така и тужените долговите кои ЕВН ги наследило од старото Електростопанство, за што  има обврска да ги наплати за сметка на државните Електрани на Македонија.
Двете компании се откажаа од каматата со цел граѓаните да имаат што подобра можност да ги платат тужените долгови.
Можноста за склучување на спогодбите трае до 31 Декември 2010 година, а во  зависност од висината на долгот, домаќинствата може истиот да го платат на 12 рати без камата, додека компаниите, тужениот долг може да го исплатат на 6 рати без камата.


{loadposition content9}