Граѓаните ќе може да пријавуваат неправилности во здравството на веб-страната на Министерството
Граѓаните можат секоја забелешка, жалба или злоупотреба во болниците да ја пријават на веб страницата на Министерството.
| инфодеск | Македонија

Министерството за здравство сака да слушне за негативните искуства на граѓаните со здравствениот систем. Граѓаните можат секоја забелешка, жалба или злоупотреба во болниците да ја пријават на веб страницата на Министерството.
Пријавувањето е анонимно, но, граѓаните може да остават лични податоци како телефонски број или емајл адреса, доколку надлежните имаат некои прашања, да ги контактираат. Постои можност кон пријавата да се приложат и фотографии и документи како докази.
За ваквата новина информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу на брифинг со новинари. На крајот од секој месец, предвидено е јавно да бидат објавувани податоци во кои јавни здравствени установи колку и какви неправилности биле пријавени од страна на граѓаните.